Познати термините за двомечот на Чаир и Макаби Аразим од Европскиот Куп

Европската ракометна федрација ги потврди термините за двомечот од третото коло во Европскиот Куп.

Тимот на Чаир ќе се сретне со израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, кој претходно го елиминираше Куманово.

Првиот натпревар се игра во Скопје на 4 декември од 18:00 часот во спортската сала во Автокоманда.

Реваншот ќе биде на 10 декември во Тел Авив со почеток од 18:00 часот.

Од претходно е познато дека вториот македонски претставник во Европскиот Куп, шампионот Ѓорче Петров, два пати ќе игра на домашен терен против австрискиот Румс Јагс, на 10 и 11 декември од 18:00 часот.