ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Швајцарија со Портнер на голот, Македонија со една промена (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија вечерва од 18:30 часот ќе го одигра вториот квалификациски натпревар од циклусот за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Составот на Македонија беше познат уште од вчера, со оглед на тоа што во Скопје останаа Дејан Манасков и Марко Кизиќ.

Селекторот на Швајцарија, Михаел Шутер, направи една промена и во ростерот ќе го има голманот на Шамбери, Никола Портнер.

Во македонскиот состав на местото на Манасков, Брестовац реши да го вметне Милорад Кукоски, кој треба да го засли одбранбениот ред. Другите ракометари се истите што настапија на средбата со Финска.