ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Савевски одбра за Сенегал, Македонија смета на сите расположиви сили

Селекторот Љубомир Савевски го одреди составот на Македонија за натпреварот од првото коло на Светското првенство за кадетки.

Од 18 ракометарки колку што се на располагање, надвор од комбинација за дуелот против Сенегал останаа Дона Маркоска и Исидора Котевска.

Африканскиот ривал директно од авион дојде во сала и по кратко загревање срдбата ќе започне од 21:30 часот.

Судии на мечот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат Португалките Ваниа и Марта Са, додека делегати се Португалецот Гулао и Шпанецот Пермуј.