ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: РНЛ со Абутовиќ, Генсхајмер, Шмид…против битолските „фармацевти“ (ФОТО)

Екипата на Еурофарм Пелистер денеска ќе има тежок натпревар на кој ќе гостува во Манхајм. Противник е составот на Рајн Некар кој влегува како фаворит против битолчани.

Очекувањата се ова да биде натпревар на кој тимот на Еурофарм Пелистер ќе одигра без поголеми притисоци и ќе мора да биде покажано најдоброто. Сепак, сосема извесно е дека домашните се фаворити.

Составот на битолчани е познат уште од неделата. Бабиќ реши со едно лево крило да му се спротистави на РНЛ, па во ростерот не е Бојан Маџовски, а не отпатуваа ниту Ненад Костески и Елмир Граџан.

Кај домашниот тим недостигаат десното крило Патрик Грецки, пикерот Рафаел Баена, десниот бек Александер Петерсон, како и повредените голмани Андреас Паличка и Микаел Апелгрен, но се враќаат пикерите Јаник Колбахер и Јеспер Нилсен.

Натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „САП Арена“ од 20:45 часот.