ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Пелистерци со 14 ракометари подготвени за битка со искусниот тим Алпла

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 денеска го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против австрискиот тим Алпла Хард.

Битолчани не се комплетни во Австрија, дел од играчите не отпатуваа поради повреди, но и тие што се во Хард заедно со стручниот штаб, ќе се обидат да му се спротистават на искусниот тим.

Во ростерот е новото засилување Дејан Кукуловски, а ќе дебитираат и Мартин Ивановски, Василије Печурица, Мартин Јовановски…

Натпреварот започнува од 19:00 часот, се игра во салата „Покрај езерото“, а ќе го судат португалските арбитри Какадор и Николау.