ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург со новото засилување против Висла Плоцк (ФОТО)

Ракометарите на Металург вечерва ќе го одиграат вториот натпревар против полскиот вицепрвак Висла Плоцк во Лигата на Европа.

На овој натпревар тренерот Оливер Димитриоски нема да смета на услугите на Велко Маркоски, а во составот ќе биде новото засилување Василије Калуѓеровиќ.

Натпреварот меѓу Висла Плоцк и Металург се игра во „Орлен Арена“ со почеток во 18:45 часот.

По овој дуел, за Металург ќе останат уште домашните двобои со Чеховски Медведи и Адемар Леон, како и гостувањето кај Фиверс.