ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург со истите 13 како и против Чеховски во Скопје

Ракометарите на Металург вечерва го играат претпоследниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Ривал на тимот од Автокоманда е австрискиот Фиверс, со кој металурзите доиграа нерешено во Скопје, 33-33.

Тренерот Оливер Димитриоски за овој дуел ќе смета на 13 ракометари, од кои тројца чувари на мрежата – Ѓорѓескки, Дупјачанец и Брестовац.

Ќе недостигаат Хорват, Лазаревски, Маркоски и Тодески, а мечот против Фиверс започнува од 20:45 часот.