ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург без Поповиќ и Потиќ ќе брка победа против Фиверс (ФОТО)

Тимот на Металург денеска ќе го одигра првиот натпревар на домашен терен од групната фаза во Лигата на Европа, а ривал е Фиверс од Австрија.

За Металург ова е само трет натпревар вкупно во натпреварувањето сезонава бидејќи коронавирусот ги спречи ракометарите да го покажат најдоброто на терен.

Тренерот Оливер Димитриоски го одреди составот на тимот од Автокоманда, кој без левото крило Милан Поповиќ и десниот бек Никола Потиќ ќе брка победа над австрискиот претставник.

Македонскиот претставник досега загуби од Тулуз и Адемар Леон на гостински терен, а му беа одложени двете средби со Чеховски Медведи и домашниот дуел со Висла Плоцк.

Денешниот натпревар меѓу Металург и Фиверс се игра од 18:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“.