ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со една промена брка победа над Шведска!

Репрезентацијата на Македонија вечерва ја започнува битката за четвртфинале, а прва пречка за избраничките на Љубомир Савевски е репрезентацијата на Шведска.

Скандинавската селекција во групната фаза оствари две победи, против Црна Гора и Алжир, но во скандинавскиот дуел против Исланд беше поразена, па поради тоа во главната рунда ќе стартува без бодови.

Селекторот Љубомир Савевски за натпреварот против Шведска одлучи да направи една промена. На теренот се враќа десното крило Јана Равојска.

Натпреварот меѓу Македонија и Шведска ќе се одигра денес, со почеток од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.