Познати составите: Две промени за дуелот со јужниот сосед (ФОТО)

Женската репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во баражот за Светското првенство во Шпанија.

Ривал е нашиот јужен сосед, а селекторот Симе Симовски направи две промени во ростерот во споредба со вчерашниот дуел со Литванија.

Од комбинација за настап отпаднаа пикерот Ивана Гакидова и голманката Матеја Серафимова, а во ростерот ќе бидат бекот Милица Николиќ и голманката Драгана Петковска.

Натпреварот меѓу Македонија и јужниот сосед се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:00 часот.