ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со Јотиќ и Валчак, Веспрем без Македа и Мае (ФОТО)

Ракометарите на Вардар вечерва го играат првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.

Хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ кој минатиот викенд се врати на терените по еден месец пауза ќе биде во составот што го одбра тренерот Стевче Алушовски.

Тој одлучи за овој натпревар да ги осави надвор од ростерот Марко Мишевски, Стефан Атанасовски, Мартин Карапалевски и Марко Кизиќ. По паузата поради повреда и двата настапи во Купот, на мечот од ЛШ во составот ќе биде и полскиот интернационалец Патрик Валчак.

Кај Веспрем, освен одамна повредениот Лауге, од списокот отпаднаа и Хорхе Македа и Кентан Мае. Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.