ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со Ристовски, Кил со 14 ракометари (ФОТО)

Екипата на Вардар денеска ја игра средбата од 6. коло од Групата А во Лигата на шампионите, а гостува шампионот на Германија, Кил.

Тренерите на двете екипи Веселин Вујовиќ и Филип Јиха се изјаснија за составите за овој дуел, па во Вардар ќе има само една измена во однос на натпреварот против Алборг од минатата среда.

Во тимот се враќа голманот Борко Ристовски, а го нема Али Сафар. Другите 15 играчи се истите какои на претходната средба. Што се однесува до тимот на Кил таму има 14 ракометари. Како што веќе информиравме Филип Јиха денеска не може да смета на Сандер Сагосен и Штефан Вајнхолд кои се во изолација поради позитивни тестови на Ковид 19.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“, а почнува во 20:45 часот.