ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар без Кугис, 19-годишниот Гогов ќе дебитира во ЛШ (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат последниот натпревар за оваа година во Лигата на шампионите.

Во Скопје гостува унгарскиот гигант Веспрем, со поранешните вардарци – Мораес, Борозан, Штербик и Манасков, како и тренерот Дејвис.

Во домашниот тим ќе ги нема повредените Толедо и Дисингер, а ќе отсуствува и голманот Артурс Кугис. На негово место во ростерот е 19-годишнио Васил Гогов, додека се враќа и левиот бек Сергеј Горбок.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра денеска во СЦ  „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот.