ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Бутел со најсилен ростер во лов на „ѓаволи“ во Хард

Ракометарите на Бутел Скопје денеска ќе го одиграат првиот натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

Ривал е соствот на австрискиот вицепрвак Алпла Хард, кој во претходната рунда го елиминираше Еурофарм Пелистер 2.

Тренерот Кристијан Грчевски го одреди составот на Бутел Скопје, а покрај Томче Стојановски кој се опоравува по повредата, од комбинација отпаднаа десниот бек Андреј Петрушевски и голманот Наум Симјановски.

Алпла Хард ќе биде со најсилниот ростер. Во составот на „црвените ѓаволи“ како што ги нарекуваат ракометарите на австрискиот тим, ќе бидат голманот Голуб Докниќ, бековите Предраговиќ, Хорват, Стевановиќ…

Натпреварот стартува од 18:45 часот, а судии се Петурсон и Трастарсон од Исланд.