Познати саатниците за европските натпревари на Еурофарм Пелистер во февруари

По завршувањето на Светското првенство во Полска и Шведска, од февруари 2023 година повторно ќе бидат актуелни натпреварите во европските купови.

Единствениот наш претставник во машка конкуренција, Еурофарм Пелистер ги дозна саатниците за четирите натпревари од групната фаза во Лигата на Европа што ќе бидат одиграни во февруари.

До крајот на годинава битолчани треба да го одиграат двомечот со шпанската Бидасоа, по што ќе им останат уште по два меча дома и на гости за следната година.

Тимот на Ларс Валтер ќе гостува во Данска и Германија, додека во Битола ќе допатуваат португалскиот Агуаш Санташ и Мотор Запорожје.

Лига на Европа, распоред на натпревари, 7-10 коло:

7 февруари, 18:45 часот, Архус – Еурофарм Пелистер
14 февруари, 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Агуаш Санташ
21 февруари, 20:45 часот, Фуксе Берлин – Еурофарм Пелистер
28 февруари, 20:45 часот, Еурофарм Пелистер – Мотор Запорожје