Познати лауреатите во изборот на Град Скопје – Вардар, Стоилов, Кристопанс…

Град Скопје денеска ги доделува наградите за најдобрите во спортот во 2019 година, а според очекувањата, најмногу одличја имаше за ракометниот клуб Вардар, кој стана европски првак по вторпат во клупската историја.

Покрај титулата во Лигата на шампионите, вардарци станаа шампиони и во регионалната СЕХА лига и во домашниот шампионат.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, е најдобар спорист на Град Скопје, додека „црвено-црниот“ е најдобар спортски клуб.

Десниот бек на Вардар, Даинис Кристопанс, е најдобар странски спортист.