Познати екипите за ТВ турнирот во Добој, годинава без македонски тим

По пауза од една година, повторно ќе се игра ТВ Турнирот на шампионите во босанскиот град Добој. Освен домашната екипа на Слога, учество на 52. турнир ќе имаат и екипите на Загреб, Копер, Војводина, Извиѓач, Динамо Букурешт, Кокс и Татран Прешов.

Претходната година поради ковид ситуацијата, Добој не можеше да го организира еден од најстарите и најголеми турнири во светот. Но, оваа година ситуацијата се стабилизира, па така организаторот на турнирот реши да повика неколку атрактивни екипи.

Екипите ќе бидат поделени во група А и Б. Групата А ја сочинуваат: Слога, Загреб, Војводина и Копер, додека во група Б ќе учествуваат екипите на Извиѓач, Динамо Букурешт, Кокс и Татран Прешов.

За разлика од неколкуте претходни изданија, оваа година нема да има македонска екипа во Добој.