Позитивни вибрации во Германија, Бундес лигата од првото коло ќе стартува со публика

Ситуацијата со коронавирусот и понатаму е проблем за клубовите и не може ништо да се одработи според планираното, а од септември се очекува и влошување на состојбата. Во Германија во Бундес лигата, и покрај сето ова, се надеваат дека ќе имаат можност за враќање на публиката на трибините и тоа уште од првото коло.

Челниците на лигата се надеваат дека ќе можат да се играат натпревари пред барем 20 до 50 проценти од капацитетот.

„Како што стојат работите во моментов, многу сум сигурен дека од почетокот на октомври ќе имаме навивачи во салите. Реално е да очекуваме пополнетост на капацитетот од 20 до 50 проценти“, вели директорот на Бундес лигата, Франк Боман.

Тој додава дека клубовите нема да можат долго да издржат без да играат пред навивачи.

„Не би можеле да издржиме долго време. Две или три средби и можеме некако да ги поминеме, но сè повеќе од ова е економски проблематично за сите нас“, коментира Боман.

Според тоа веќе се работи на концепт според кој сите би биле задоволни, а гледачите би биле на трибините во некој ограничен број.