Повредата е минато, Анте Кудуз се врати на тренинзите на Вардар

Хрватскиот интернационалец Анте Кудуз се врати на тренинзите на македонскиот шампион Вардар.

Кудуз имаше одлични партии против Загреб во СЕХА лигата, но потоа имаше повреда и не беше дел од тимот во стартните две кола од Лигата на шампионите.

Сега проблемите се надминати и левиот бек ќе му стави на располагање на тренерот Веселин Вујовиќ.

Се уште не е сигурен неговиот настап против Еурофарм Пелистер, а би требало да биде подготвен за двобојот со Алборг во Лигата на шампионите в среда.