Победничко деби на Обрван, Босанците со важен триумф над Австрија

Ракометарите на Босна и Херцеговина остварија голема победа во квалификациите за Европското првенство откако на домашен терен ја совладаа селекцијата на Австрија со 27:21.

Поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван имаше одлично деби на клупата на БиХ и со оваа победа ја доближи репрезентацијата до пласман на Европското првенство.

Босанците имаа добар почеток, отворија со 5:1 на што одговорија Австријците и израмнија на 7:7. До крајот на полувремето се играше израмнето, двете екипи имаа минимална предност, а на паузата домашниот тим замина со 11:10.

Во вториот дел БиХ имаше контрола на резултатот, постојано беше три или четири разлика и во мирна завршница остварија голема победа. Јосип Периќ беше најефикасен со пет гола, а по четири постигнаа Хасељиќ и Врањеш. Во тимот на Австрија, Вебер со шест беше прв стрелец.