Победнички старт на подготовките: Македонија го надигра Кувајт и најави убав јануари

На првата контрола во подготовките за Европското првенство репрезентацијата на Македонија успеа да стигне до победа од 27:24 против составот на Кувајт со што почна создавањето на одлична атмосфера на патот кон Австрија.

Кувајт беше добар противник за репрезентативците на Македонија, а шанса да играат добија сите ракометари кои покажаа дека можат да одговорат на потребите.

Во првиот дел успеаја да напраат предност од пет гола. Одиграа добро откако уште рано успеаја да дојдат до водство. Прво Кувајт поведе со 2:0, а потоа следуваше 6:0 серија за Македонија така што овие четири гола беа сигурни во текот на целото прво полувреме.

Продолжението од натпреварот донесе одлична шанса за да е контролира играта, па на одмор се замина со 14:9.

Во второто полувреме се чуваше водството, а највисокот беше од шест гола при 16:10 и при 22:16 на средина од вториот дел. До крајот падна ритамот, па Кувајт се доближи но немаше проблеми за да се оствари победа.

На оваа средба бранеше младиот голман Марко Кизиќ, кој имаше 13 интервенции. Со осум гола најефикасен беше Костески, по четири постигнаа Велковски и Никола Маркоски. Трипати реализираше Крстевски, по двапати Мишевски и Танкоски. Еднаш во листата на стрелците се запишаа Серафимов, Маџовски, Поповски и Манасков.

Утре од 19 часот, Македонија и Кувајт играат уште еден меч, а потоа репрезентативците на Македонија заминуваат за Букурешт каде ќе учествуваат на Трофеј „Карпати“ в сабота и в недела.