Победа и пораз за Македонците во Бундес лигата, Кристопанс го спасуваше Фуксе Берлин

Во 26. коло од Бундес лигата двајца македонски интернационалци, Филип Кузмановски со Магдебург и Мартин Томовски со Лудвигсхафен, имаа свој настап.

Средниот бек на репрезентацијата на Македонија пред домашните гледачи во Магдебург стигна до тешка победа над екипата на Ерланген со 24:20. После првите 30 минути гостите имаа водство од 13:11, но продолжението донесе пресврт и победа на Магдебург. Филип Кузмановски на уште еден натпревар во најголемиот дел имаше дефанзивни задачи и немаше погодок.

Томовски со својот Лудвигсхафен исто така пред своите гледачи имаше тежок натпревар против Лемго и претрпе пораз од 29:36. Домашната екипа го изгуби натпреварот уште во првиот дел кога имаше негатива од 13:21 и во вториот дел немаше сили да ја стигна оваа негатива. Мартин Томовски имаше добар настап и забележа девет одбрани за 35 минути на голот.

Во останатите натпревари Фуксе Берлин се спасуваше на гостувањето кај Бергишер, а повторно спасител беше Кристопанс со гол за реми. Хановер освои лесни бодови кај Нордхорн, а Рајн Некар успеа да слави на домашен терен против Лајпциг.

Бундес лига 26. коло, Резултати

Бергишер – Фуксе Берлин 26:26 (17:12)
Лудвигсхафен – Лемго 29:35 (13:21)
Магдебург – Ерланген 35:20(11:13)
Нордхорн – Хановер 24:32(12:14)
Рајн Некар – Лајпциг 26:26 (14:10)