Победата над Данска донесе и награда – Ракометарите добија премија од 20.000 евра

Одличната игра, победата од 33:29 донесе огромно подобрување на впечатокот на момците на првиот натпревар после Светското првенство во Египет, а рушењето на актуелниот светски и олимписки шампион донесе големи пофалби и секако награда.

За оваа победа над Данска ракометарите ќе добијат премија во износ од 20.000 евра, а ова е награда надвор од онаа што ќе ја добијат за пласманот на првенството во Унгарија и во Словачка.

За играта, залагањето, борбеноста која денеска ја прикажаа веројатно нема вистинска награда бидејќи тешко е вистински да се награда особено поради квалитетот против кој играа. Затоа наградата е 20.000 евра, но уште поголема ќе биде продолжувањето на учествата на големите натпреварувања бидејќи веќе е сигурно дека Македонија која е сега првопласирана оди на шампионатот и следниот јануари.