Плетикосиќ го напушта Будуќност, се сели во романскиот шампионат

Репрезентативката на Црна Гора, Матеа Плетикосиќ по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти црногорскиот шампион Будуќност.

Според пишувањата на црногорските медиуми, средниот бек ќе има нов предизвик во својата кариера и ќе настапува во романскиот шампионат.

Плетикосиќ кариерата ќе ја продолжи во Корона Брашов, екипа која моментално настапува во прволигашката конкуренција во Романија, но во следната сезона повторно ќе биде дел од најквалитетното романско натпреварување.

Корона Брашов во 2019 година беше исфрлена од романскиот шампионат поради  допинг скандалот. За следната сезона романскиот тим ќе има голем буџет, па така освен Плетикосиќ сигурно ќе пристигнат уште неколку звучни имиња.

Раководството на клубот пред извесен период потпиша и со репрезентативната колешка на Плетикосиќ, кружниот напаѓач Бобана Кликовац.

Плетикосиќ во Будуќност пристигна во 2015 година и дресот на клубот од Подгорица го носеше во два наврати, од сезона 2015/16 до сезона 2019/20, потоа една сезона мина во Крим, додека минатата сезона направи камбек во тимот на Бојана Поповиќ.

24-годишната ракометарка која потекнува од Хрватска, во 2020 година одлучи да настапува за црногорската репрезентација.