„Плачев како мало дете кога дојде крајот на шампионскиот Металург“

„Имаме лет утрината во 5:30 часот, во четири часот треба да не земе автобус од пред сала. Пред сала доаѓаат само управа и тренер и ниту еден играч. И тогаш знаев дека тоа е крајот.“

Првиот претседател на РК Металург, Филип Христов, ги доживеа и преживеа сите подеми и падови на клубот низ годините и во интервју за 24ракомет, не криеше дека многу емотивно го доживеал крахот на шампионскиот тим на Металург.

„Металург е жртва на политички превирања во државата. Жртва на една ситуација и за многу мала сума на пари, во однос на тоа колку се даваа и се трошеа за клубот во тоа време. Доколку било кој ги обезбедеше тие сретствата ние ќе отидевме далеку таа година… Што ни се случуваше во последните денови на таа голгота… Требаше да патуваме во Загреб, на меч од СЕХА лига. Превирањата во клубот веќе беа почнати, но на последниот, вечерен тренинг се договораме управа-клуб-играчи дека утре патуваме за Загреб да одиграме меч, а кога ќе се вратиме ќе се потредиме да ги амортизираме работите. Имаме лет утрината во 5:30 часот, во четири часот треба да не земе автобус од пред сала. Пред сала доаѓаат само управа и тренер и ниту еден играч. Тогаш плачев како мало дете и затоа што знаев дека е крај. Знаев дека ќе опстанеме како клуб, но не со таков лик. И никој не може да ме убеди дека во сето тоа, во целиот тој процес некоја трета страна која влијаела на нив, не си одигра улога, некои менаџери…“, се потсети Филип Христов.

Целото интервју со Филип Христов може да го погледнете на линкот подолу.

ИНТЕРВЈУ ФИЛИП ХРИСТОВ: Секој натпревар меѓу Вардар и Металург имал и трето полувреме