Платите на ракометарите во Унгарија се кратат, неизвесен е процентот

Ракометарите кои се дел од првенството на Унгарија во моментов се во разговори околу процентот за кој ќе бидат намалени платите до крајот на сезоната.

Има реакции од страна на одредени лица поради тоа што ракометарите се бараат да добијат мало намалување. Tие се борат за што помал процент да биде намалувањето, а реакциите доаѓаат отстрана.

Според реакциите коментарите се доста негативни, бидејќи ракометарите се борат за што помалао намалување, а се вели дека тие 25 до 30 проценти се од нивните големи плати, а не се од платите кои ги имаат обичните граѓани.

Сепак, останува да се договори процентот за кој ракометарите ќе добијат намалување на нивните плати, а набрзо би требало и да има информација. Јасно е дека ситуацијата со коронавирусот е тешка и дека секаде ќе дојде до намалување на платите на спортистите.