ПИК Сегед и Татабања подготвени за македонско-унгарската „војна“

Претстојната недела во Лигата на Европа и во Лигата на шампионите ќе има македонско-унгарски двобој.

Шампионите на двете држави, Вардар и ПИК Сегед ќе се сретнат на 25 ноември во ЛШ, а тимот на Хуан Карлос Пастор забележа победа во домашниот шампионат меѓу двете средби со македонскиот тим.

ПИК Сегед дома славеше над Ѓенѓеш со 36-26, иако на полувреме имаше само гол предност, 17-16, а на стартот гостите водеа и со плус четири. Најдобри стрелци кај унгарскиот првак беа Блонц со осум и Банхиди со шест гола, додека по четири пати стрелаа Мачковшек и Бомбач. Во споредба со првиот меч со Вардар, во ростерот на ПИК Сегед не беше Ричард Бодо.

Татабања, која ќе гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер, ја забележа третата победа во третиот натпревар откако на клупата е Драган Ѓукиќ. „Тигрите“ славеа над Ференцварош со 33-28.

Голманите Вишомирски и Бартуч има по седум одбрани за полувреме, а најдобри стрелци беа Матијас Ѓер со десет и Стефан Сунајко со девет гола, па битолчани веќе знаат на кои ракометари ќе треба да биде насочена одбраната на мечот во вторник.