Пик Сегед ги чува најдобрите, Шоштариќ продолжи уште три години

Интернационалецот од Словенија кој настапува на позицијата десно крило во редовите на Пик Сегед, Марио Шоштариќ после успешните четири сезони одлучи да ја продолжи соработката со тимот од Унгарија.

Шоштариќ доби нов договор кој ќе го задржи во клубот до 2023 година, а самиот вели дека е презадоволен од соработката.

„Многу сум среќен што добив можност да го продолжам договорот со мојот клуб и што раководството и стручниот штаб веруваат во мене. Освоив неколку титули за време на моето играње во Пик Сегед, но не сакам така да остане туку сакам уште, уште поголеми трофеи од досега“, вели Шоштариќ.

Тој дојде во редовите на Пик Сегед во 2016 година од редовите на Горење. За овие четири години се покажа во одлично издание така што 27-годишниот репрезентативец на Словенија дефинитивно останува дел од тимот на Пик Сегед и во иднина.