Пивотот заминува од Вардар: Валчак две години во Спортинг Лисабон

Репрезентативецот на Полска, Патрик Валчак, по две сезони минати во „црвено-црниот“ дрес, од наредната сезона ќе настапува за екипата од Португалија, Спортинг Лисабон

Веќе извесен период беше познато дeка кружниот напаѓач на вардарци ќе се пресели во Португалија, а денеска, неговиот трансфер официјално го потврди полскиот медиум „ТВП Спорт“.

Валчак со раководството на Спортинг Лисабон се договори на двегодишна соработка и во португалскиот клуб ќе ја зголеми конкуренцијата на пикерската позиција. Полјакот во новиот клуб ќе се бори за место со Груизиец Еракле Арсенашвили и Данецот Јонас Тидеманд.

Искусниот ракометар кариерата ја започна во Гдањск, а настапуваше и за Погон Шчечин и Келце. Од Келце една сезона беше позајмен на францускиот Маси од каде што замина за Либек од Германија. Од Либек во текот на 2020 година пристигна во редовите на Вардар.