Пешевски: Ќе останеме и во добро и во лошо како семејство

Репрезентативците на Мaкедонија имаа поеднички старт на Европското првенство откако ја совладаа Украина со 26:25 и гол на Кире Лазаров со звукот на сирената. Веднаш по натпреварот пикерот на нашиот тим Жарко Пешевски кој постигна еден погодот на мечот имаше краток коментар за впечатоците од првито настап во Виена.

„Од 45 минути одлична игра по еден пад дојдовме до резултатска криза, но за среќа на крајот се извлековме. Се разбира постојат вакви моменти, мора да останеме силни и да играме 60 минути исто од почетокот до крајот само така може да направиме нешто. Нè краси тимската игра, духот, ќе останеме и во добро и во лошо како едно семејство, како еден тим и се надевам на позитивен резултат и дека ќе ја поминеме групата„, изјави Жарко Пешевски.

За репрезентативците следува ден одмор, а потоа во недела ги очекува уште еден тешок натпревар со репрезентацијата на Чешка. Дуелот се игра со почеток во 16 часот во „Штадхале“ арената.