Пешевски: Можевме и поубедливо, ама….

Репрезентацијата на Македонија дојде до победа од 25:21 на првата контрола против Грузија одиграна во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а овој триумф секако ќе значи многу за момците со оглед на тоа што покажаа дека знаат како да се снајдат на теренот во моменти кога капитенот ги гледа од клупата.

Пивотменот Жарко Пешевски беше меѓу најдобрите на теренот.

„Одигравме трет натпревар во низа, мислам дека ќе беше завршен уште поубедливо, ама уморот си го направи своето. Покрај тоа не бевме комплетни, имавме малку тренинзи заедно, но како и да е, победа си е победа. Сакам да се заблагодарам на публиката за поддршката, а утре на вториот натпревар ќе се обидеме да ги поправиме сите грешки“, изјави Пешевски.

Утре од 16:00 часто се игра вториот меч во СЦ „Борис Трајковски“ меѓу Македонија и Грузија.