Пешевски „лош“ домаќин, го испрати Талески со пораз

Пивотот на репрезентацијата на Македонија, Жарко Пешевски имаше солиден натпревар со своите колеги против Балинген и без поголеми проблеми беше забележана победа од 32:26.

Ова беше очекуван епилог со оглед на тоа што Штутгарт влезе во натпреварот како фаворит и оваа улога успеа да ја оправда, па бодовите останаа за домашните.

На оваа средба Пешевски успеа да реализира двапати од два шута така што имаше свој придонес за победата на тимот на Штутгарт. Талески и на оваа средба како и на претходната остана без гол, а минува сè помалку време на теренот.

Со овој пораз Балинген само останува во долниот дел од табелата односно останува претпоследен со меч повеќе и ист број бодови (15) како и Лудвигсхафен кој е на 14. позиција. Инаку, последните две позиции носат во ранг пониско. Штутгарт засега е сигурен и е далеку од опасната зона.