Пешевски го наполни голот на Лемго, но тоа беше доволно за реми

Репрезентативецот на Македонија, Жарко Пешевски имаше одличен ден во кој покажа неверојатна партија на дуелот против Лемго.

Сепак, неговaта добра игра не беше доволна бидејќи во финишот гостите дојдоа до нерешен резултат, 26:26.

Тој одработе натпревар во кој беше убедливо најдобриот на терен и биеше речиси без грешка. Со осум погодоци од девет удари, Пешевски беше прв стрелец на средбата и играч кој ги водеше колегите во текот на целата средба.

Штутгарт имаше предност во завршницата од два гола, 26:24, но гостите искористија неколку грешки и стигнаа до погодоци за нерешен резултат.

Ова е одлична вест и за селекторот на Македонија, Данило Брестовац бидејќи добрата форма ќе треба само да ја пренесе и во националниот дрес.