Печенковски: Бевме рамноправни 15 минути, потоа дојде до израз квалитетот

Ракометарите на Бутел Скопје не успеаја да го поминат полуфиналето во Купот на Македонија и останува да се обидат одново следната година. Во оваа сезона останаа на чекор од финалето откако претрпеа пораз против Еурофарм Пелистер со 23:38.

„Бевме рамноправни до 15 минута кога беше нерешено. Се држевме добро, но квалитетна екипа како Еурофарм после нашите технички грешки направи предност и беше тешко да бркаме резултат. Нашиот ростоер е таков, каков што е, а Еурофарм е поквалитетна екипа и тоа се одрази на играта“, коментираше Горан Печенковски.

Тој смета дека се забележала голема нервоза на теренот.

„Имаше грешки и на двете страни, но имаше и нервоза. Двапати во неколку дена играме со иста екипа и веројатно и тоа се одрази. Покрај ова и заморот не стигна така што сето ова имаше влијание“, изјави Печенковски.

Бутел Скопје ќе може да се посвети на играта во првенството и да се обиде да дојде одново до место во Лигата на Европа, но конкуренцијата ќе биде доста силна до крајот од сезоната.