Пехарот од Европскиот куп заврши во витрините на АЕК

Екипата на АЕК го совлада составот на Иштад од Шведска на двете средби од финалето во Европскиот куп и тоа со по четири гола разлика. После 30:26 на првиот дуел, на реваншот победата беше обезбедена со 24:20.

АЕК го искористи играњето на домашен терен и се избори за победите со кои успеа да се најде на врвот на натпреварувањето кое од годинава носи нов назив.

Предноста која беше направен во петокот се покажа и како доволна, па на реваншот само беше довршена задачата.

На овој дуел Милонас Христодулос постигна пет гола со кои беше прв стрелец во редовите на Аек. Исто толку голови имаше и Јакоб Нигрен, најефикасниот во Иштад.