Петте ракометари кои оставија белег со нивниот кам-бек сезонава во ЛШ

Иако сезоната уште не е завршeна бидејќи поради коронавирусот натпреварите се во прекин, сепак, се очекува да има финиш на сезоната.

Сезонава во Лигата на шампионите се вратија неколку ракометари кои ги немаше во последните години бидејќи со своите клубови мораа да се натпреваруваат во другите клубови.

Во топ 5 се најдоа неколку ракометари, а од врвот ги преводи најдобриот ракометар на последното Европско првенство, Домагој Дувњак.

5.Жарко Шешум (Кадетен Шафхаузен)

Поминаа шест сезони кткако Шешум последен пат се појави во Лигата на шампионите, а потоа се етаблираше како еден од најдобрите во Купот на ЕХФ, каде освои две титули со Гепинген.

Кадетен Шафхаузен сезонава беше далеку од минатите сезони, сепак, Шешум докажа дека и понатаму е на високо ниво, a постигна 30 гола за шампионот на Швајцарија.

4.Раул Нант (Динамо Букурешт)

Откако во 2012/13 имаше импресивна дебитантска сезона со Адемар Леон, а потоа седум години Раул Нант чекаше на нов настап во Лигата на шампионите. Во 2019 година имаше солидно претставување со Шпанија на Светското првенство, а со преселбата во Динамо Букурешт му се отвори патот до ЛШ.

Сезонава постигна 28 година за Динамо, а успеа да направи голем успех бидејќи екипата дојде до осминафиналето откако играше во групите Ц и Д.

3.Мадс Кристијансен (Алборг)

Има олимписки медал и злато од Европското првенство, но не може да се пофали со многу настапи во Лигата на шампионите. Кристијансен првпат играше во групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2010/11.

Оттогаш чекаше нова можност за да игра, а тоа се случи сезонава кога имаше 42 погодоци со кои беше межу подобрите.

2.Нико Миндегија (Висла Плоцк)

Првпат настапи во Лигата на шампионите како играч на Портланд Сан Антонио пред 14 години. После ова имаше големи подеми и падови во кариерата.

Пред да дојде во Висла организаторот на играта од Шпанија игрше за Пик Сегед, а беше дел и од Киф Колдинг, како и од Шамбери.

Сезонава одигра добри средби за Висла Плоцк, а пред прекинот имаше 47 погодоци.

1.Домагој Дувњак (Кил)

Еден од најдобрите ракометари од Хрватска на сите времиња во последните години постојано се соочуваше со повреди. Тој никако не можеше да врзе неколку сезони со настапи, па оваа сезона е една од најдобрите за него.

Тој во 2017/18 имаше само еден настап. Оттаму коректное да се каже дека Дувњак ги промаши последните две сезони, а во оваа покрај тоа што го освои признанието МВП на Европското првенство имаше и 27 погодоци во Лигата на шампионите.