Петровски: Сакаме да се надигруваме со сите, но мора да учиме од грешките

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 загуби во првото коло од новата сезона во Супер лигата на гостински терен во Кавадарци со 28-26 кај Тиквеш.

Tренерот на битолчани, Михаил Петровски, и покрај поразот беше задоволен од изданието на неговите млади ракометари.

„Одличен натпревар, супер дерби, неизвесност до самиот крај. Првото полувреме ни беше тешко, но во второто веќе се вклопивме целосно во натпревар. Момците дадоа се од себе и за тоа им честитам. Доаѓавме неколку пати на само еден гол разлика, но тоа беше се. Ние сме млада екипи која ветува, која сака да се надигрува со сите и желна за победа, но и млада екипа што треба да учи од своите грешки и да се бори до самиот крај на секој натпревар“, вели Петровски.

Следен предизвик за младиот тим на битолчани ќе биде домашниот натпревар со Скопје.

Тиквеш со победнички старт – Еурофарм Пелистер 2 падна во Кавадарци!