Петковски ќе го брани голот на КЛ7

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Петковски во следните шест месеци ќе го чува голот на тимот на КЛ7, кој во пролетниот дел од сезоната ќе биде во обид да дојде до место до Супер лигата.

КЛ7 се натпреварува во Првата машка лига и веќе има обезбедено место во плеј-офот така што со Петковски добива репрезентативно искуство на голот и секако ќе добие многу во вториот дел од сезоната.

Андреј Петковски сезоната ја почна во редовите на Работнички каде дојде од тимот на Вардар јуниор. Сепак, после случувањата во Работнички тој одлучи да го напушти клубот, а имаше најави и за заминување во странство.

Засега останува во Македонија и во следните шест месеци ќе го брани голот на КЛ7.