Петки за Трајковски и Чурлевски, СИФ ги однесе бодовите од Хелсинки

Тимот на Сјундеа ИФ, каде што настапуваат двајцата македонски интернационалци Игор Трајковски и Филип Чурлевски, славеше победа во 4 коло од финскиот шампионат.

СИФ славеше на гостински терен кај тимот на ИФК Хелсинки со 32-30, откако и на полувреме водеше со 17-16.

Македонците беа меѓу најзаслужните за триумфот на СИФ. Трајковски кој беше прогласен за играч на натпреварот постигна пет погодоци, а исто толку даде и Чурлевски.

Во следното коло СИФ ќе игра на домашен терен со вицепрвакот Дикен.