Петка на Лазаров во новата победа на Нант

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров со својата екипа Нант имаше успешен настап и славеше победа во 11. коло од првенството на Франција. На домашен терен Нант го совлада Истр со 36:31.

Уште на почетокот Нант создаде одлична предност која немаше многу проблеми да ја оджува во продолжение. После само девет минути игра домашниот тим водеше со 8:2, а после 30 минути игра беше 19:15.

Во продолжението се играше доста ефикасно, а Нант рутински го водеше натпреварот кон победа. Ракометарите на Истр немаа шанси да избегнат пораз на овој дуел.

Кире Лазаров имаше ефикасен настап и беше стрелец на пет гола без промашување. Најефикасен во тимот на Нант беше Ривера со девет погодоци. Со овој триумф тимот на Лазаров се проби на втората позиција зад ПСЖ.