„Петка“ за Лазаров, Нант со втор пораз во низа

Тимот на Нант, каде што настапува македонскиот репрезентативец Кире Лазаров, го забележа вториот пораз во низа во францускиот шампионат.

Нант загуби на гостувањето кај Ним со 26-25, а нашиот капитен постигна пет голови од 13 обиди, додека Мин постигна шест погодоци.

Ова беше трет пораз за Нант во осум меча, па сега има два бода помалку од вториот Монпелје, односно четири помалку од лидерот ПСЖ.