Петар Ненадиќ е МВП на завршниот турнир во Задар (ВИДЕО)

Со одигрувањето на завршниот турнир во СЕХА лигата заврши уште една сезона, а Веспрем дојде до трофејот додека Петар Ненадиќ е играчот кој дојде до главното поединечно признание односно наградата МВП.

Ненадиќ покажа најмногу на двете средби, а тој е и најдобриот среден бек на овој турнир. Очекувано најмногу играчи во ол-стар тимот се од Веспрем, двајца се од Загреб, а по еден претставник имаат тимовите кои играа во трката за 3. место.

ОЛ-СТАР ТИМ НА Ф4

ГОЛМАН: Владимир Цупара (Веспрем)

ЛЕВО КРИЛО: Давид Мандиќ (ППД Загреб)

ЛЕВ БЕК: Филип Вистороп (ППД Загреб)

СРЕДЕН БЕК: Петар Ненадиќ (Веспрем)

ДЕСЕН БЕК: Јахија Омар (Веспрем)

ДЕСНО КРИЛО: Никита Вајлупов (Мешков Брест)

ПИВОТ: Вјачеслав Бокан (Мотор)

ДЕФАНЗИВЕЦ: Блаж Благотиншек (Веспрем)

МВП: Петар Ненадиќ (Веспрем)