Пер Јохансон за одлуката на ЕХФ: Нашите соништа се уништени, ова е далеку од вистински спорт

Тренерот на Ростов Дон, Пер Јохансон ја коментираше одлуката на ЕХФ одложените натпревари на руските и белоруските тимови да бидат откажани, а противниците да добијат службени победи со резултат 10:0.

За Јохансон ова е неправда која им се случува поради нешто на кое тие не можат да влијаат.

„За се што се боревме ни е одземено. Нашите соништа се уништени. Поминавме низ оган и бури за да стигнеме директно до четвртфиналето во Лигата на шампионите, а сега бевме исфрелни со одлука донесена на канцелариска маса. Ова што се случи е далеку од вистински спорт. Исфрлени сме поради сили на кои не можеме да влијаеме или да промениме нешто. Ова е лош ден за сите кои со пот и солзи се бореа за овие соништа. Ова ги погодува луѓето кои сонувал да се борат за најголемите трофеи. Нашиот спорт плаќа висока цена во моментов. Ова е неправда во која има само губитници“.