Перфектниот Де Варгас го стопираше ПСЖ на Раул Гонзалес

Екипите на Барселона и ПСЖ во Палау Блауграна го одиграа натпреварот на неделата во 5. коло од Лигата на шампионите кој после голема борба го доби домашниот тим со 30:27.

Барселона имаше добар старт на натпреварот и почетното водство. Во 12. минута Гомез Абељо и Фабрегас погодија за три разлика и водство од 5:2. Перез Де Варгас исто така имаше добар старт со неколку интервенции со кои придонесе неговиот тим да има позитива.

Следуваше противудар на ПСЖ, а избраниците на Раул Гонзалес со серија од 3:0 повторно се вратија на нерешено. До крајот на првото полувреме се играше израмнето и најчесто гол за гол. На паузата беше 13:13, а голманите на двете екипи Де Варгас и Жерард имаа по осум интервенции.

Второто полувреме продолжи во сличен ритам, но Барселона во поголемиот дел имаше еден или два предност. Де Варгас продолжи да брани сè и беше еден од најзаслужните што неговиот тим водеше. Во 50. минута Ричардсон погоди за три разлика, 24:21.

ПСЖ не се предаде, а Карабатиќ намали на 25:24. Сепак, во клучните моменти прецизни беа Дика Мем и Домен Макуц кои заедно со репрезентативниот голман на Шпанија донесоа победа на Барселона. До крај Барса само ја потврди четвртата победа со конечни 30:27, а со овој триумф останува на врвот на табелата во групата Б со осум бода.

За играч на натпреварот беше прогласен Перез Де Варгас, кој имаше 17 интервенции, а најпрецизни во тимот на Барселона беше Дика Мем со седум гола, додека Нгесан и Фабрегас постигнаа по четири. Во тимот на ПСЖ со седум гола Микел Хансен беше прв стрелец.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140