Периќ: Се боревме, но Веспрем беше подобар и во одбрана и во напад

Тренерот на голманите на Вардар, Дејан Периќ беше претставник на Вардар на прес-конференцијата после дуелот со Веспрем. Тој го потврди она што беше видено на теренот така што сао беше признаено дека Веспрем на овој дуел одигра далеку подобро.

„Честитки за победата на Веспрем. Денеска тие беа подобри. Атмосферата беше прекрасна и задоволство за секој спортист е тука да игра против Веспрем. Тимот на Веспрем беше тактички подобар и во клучните моменти од натпреварот одигра подобро. Ние се боревме, имавме шанса на почетоткот на второто полувреме кога намаливме на минус два, но Веспрем севкупно во целиот дуел беше подобар и во одбрана и во напад. Честитки за победата и многу среќа во иднина“, коментираше Периќ.

Следниот меч за Вардар ќе биде на домашен терен, а се игра на 3 ноември против екипата на Мешков Брест. Паузата која следи е поради ЕХФ неделата.