Периќ за 24 Ракомет: Ова е голема победа, која долго ја чекавме

Новиот капитен на Еурофарм Пелистер, Јосип Периќ имаше можност да ја почне новата улога со трофеј на официјално натпреварување. Тој со колегите дојде до трофејот во Супер купот на Македонија така што сега може да се радуваат на големата победа од 31:22 против Вардар.

„Многу сме среќни поради оваа победа. Долго ја чекавме. Се подготвувавме. Минатата сезона бевме близу но немаше среќа. Сепак, оваа ја почнавме со трофеј и се надевам така да продолѓиме и понатаму“, рече Периќ за 24 Ракомет.

И неговото размислување беше дека денеска голманот Секељ имаше одличен ден и одлично деби за тимот од Битола.

„Клучот беше екипата. Ова е тотално екипна победа. Од првиот до последниот одиграа и грешките се исправаа. Голманот беше на врвот и не спаси така што ова е екипен триумф“, рече Периќ после победата над Вардар.

Ова е првпат некој друг тим да дојде до титулата во Супер купот после три трофеи на Вардар.