Периќ: Желни сме за натпревари, едвај чекаме да играме со ГОГ

Тимот на Еурофарм Пелистер во вторник треба да го одигра првиот официјален натпревар оваа сезона.

Откако беше откажан дуелот против унгарската Татабања, следува дуелот од второто коло против данскиот ГОГ Гудме.

Средниот бек Јосип Периќ вели дека едвај го чека наптреварот против данскиот тим.

„Па сигурно дека одложувањето на натпреварите ни го поремети ритамот, но тренираме напорно и се надевам дека ќе го одиграме првиот натпревар оваа сезона против данскиот ГОГ Гудме. Подготвени сме, посакуваме да играме, тоа е најважно, само ги чекаме натпреварите“, вели Периќ.

Босанецот вели дека ГОГ е доволно анализиран.

„ГОГ има млада екипа, игра брзо, типичен скандинавски ракомет, но нашата одбрана е главен адут и се надевам дека ќе ја запреме нивната транзиција и нивните контранапади ќе ги сведеме на минимум“, вели Периќ.

Натпреварот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер ќе се игра во вторник од 18:45 часот.