Пелистерецот Мирко Радовиќ има повреда на рамото, нема да игра до крај на ЕП

Една од важните алки во играта на Црна Гора на средбата со Македонија беше членот на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ.

Тој на двобојот со нашата селекција заработи повреда на рамото, која го оддалечи од настап во продолжение на Европското првенство и ќе паузира еден месец.

Црна Гора игра одлично на континенталниот собир, реди победи и го оствари најголемиот успех досега со пласманот во главната рунда.

Радовиќ за жал нема да може да им помогне на репрезентативните колеги во битките против Исланд, Холандија и Франција.

Црногорците остануваат во игра за полуфинале, а следен предизвик за нив ќе биде дуелот со „лалињата“ утре од 15:30 часот.