Пастор: Знаеме колку е тешко да се победи против Вардар во Скопје

ПИК Сегед ја забележа првата победа во клупската историја на гостување во Скопје против Вардар, откако славеше со 26-28.

Гостинскиот стратег Хуан Карлос Пастор вели дека иако неговите избраници не биле на највисоко ниво, сепак најважни се бодовите.

„Тешко е да се победува во Скопје и ние го знаевме тоа. Вардар играше многу добро, имавме многу проблеми со нивниот пивот во првиот дел. Ние не бевме на највисоко ниво, но се подобривме во последните дваесетина минути и во одбраната и во нападот. Клучниот момент беше кога стигнавме до водство. За нас е важна оваа победа и се надевам ќе бидеме уште подобри на следниот наш натпревар, кој го играме в четврток“, вели гостинскиот тренер.

Следниот натпревар меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра на 18 февруари од 18:45 часот.