Партизан му „украде“ бод на Аеродром – паднаа 66 голови во Автокоманда

Тимот на Партизан Гевгелија изненадувачки успеа да освои голем бод на гостувањето кај составот на Аеродром, откако мечот од осмото коло во групата 2 од Првата лига заврши 33-33.

Гевгеличани водеа уште од стартот, во вториот дел повеќе наврати имаа и предност одпет погодоци, но како одминуваше времето Аеродром се враќаше во игра за позитивен резултат.

Беше 29-30, па Партизан стигна до 31-33, но сепак гостите не издржаа до крај и прими два гола за конечни 33-33.

Најдобри стрелци во домашниот тим беа Марио Лефкоски со десет и Јован Танев со седум погодоци, додека кај гевгеличани се истакнаа Тодор Узунчев со девет, како и Џалев и Јанев со по шест голови.